Културата и традицијата се значаен дел од програмата со која ја бара довербата од сограѓаните Владо Мисајловски

Културата и традицијата се значаен дел од програмата со која ја бара довербата од сограѓаните Владо Мисајловски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров.

-Имаме повеќе проекти со кои директно ќе ги поддржиме сите културни настани, но и секако сите традиционални настани во Ѓорче Петров. Кучково е многу убаво излетничко место, каде многу граѓани се собираат и има преубави манифестации и истите ќе ги поддржиме. Исто така ќе направиме нови урбани содржини, тука и на сите излетнички места во Ѓорче Петров. Сакаме што повеќе граѓани да се релаксираат и да уживаат во природата. Затоа предвидуваме нови проекти, целосна урбанизација, нови реквизити и нова урбана опрема насекаде во Ѓорче Петров. Затоа што ѓорче Петров тоа го заслужува. Сите треба да уживаме и да ја сакаме природата. Со нови патеки, со нови велосипедски патеки, нови тротоари, со многу нови урбани катчиња како за младите, така и за повозрасните, рече Мисајловски.

Тој потенцира дека во наредниот период го очекува многу работа и им посочи на граѓаните да ја погледнат неговата програма во која сите ќе се пронајдат.