Културата доаѓа првенствено од дома - Повторно искршено детско катче во Кисела Вода

Изреволтирани граѓани од Кисела Вода реагираат на оштетено детско игралиште на булеварот „Борис Трајковски“, спроти Општина Кисела Вода.

Фотографии од состојбата на игралиштето се објавени на Фејсбук-страницата „Кисела Вода – Пријави проблем“, каде граѓаните укажуваат дека игралиштето и претходно било оштетувано и неколкупати поправано.

Според реакциите на граѓаните, дел од оштетувањата повторно настануваат поради несовесно однесување и кршење на реквизитите од страна на деца и млади кои го користат игралиштето.

- Моментално вака изгледа игралиштево... Жалосно.... Неколку пати се поправаше, се е за ништо... Културата доаѓа првенствено од дома..., коментира скопјанка која сподели фотографии.