Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски ја најави програмата за најголемата забава во историјата на општината, по повод две децении Бутел.
Упати покана до сите граѓани да сбидат дел од прослата која започнува на 6. јуни, а ќе трае до 14. месецов.
- Започнуваме со најпопуларниот 3 х 3 баскет турнир во Република Македонија на добро познатата локација на кошаркарското игралиште во ООУ “Ацо Шопов”. Турнирот започнува денеска, а големото финале ќе биде на 08.06 во недела! За прв пат детска трка за нашите најмали жители на која сите ќе бидат победници. Трката започнува во 10 часот на улица Бутелска, информира Костовски.
На 10.06 со почеток од 19 часот во Македонска Филхармонија на свечен настан на кој ќе бидат одликувани заслужни граѓани на општината кои во изминатиот период ја афирмираат и промовираат општина Бутел.
11 јуни е повторно резервиран за најмалите жители.
- Маалски игри без граници ќе не потсетат на духот на нашиот Бутел. Плочка, жмурка, џамлии, влечење јаже и многу други изненадувања за најмалите. Се гледаме во 17 часот! Четврток 12.06 е ден за нашите најуспешни ученици и спортисти, вели првиот човек на општината.
Следниот викенд, поточно 13 и 14 јуни на големиот паркинг на спортско-рекреативниот центар “Македонија” кај “Олимпија” бутелчани ќе имаат можност да се забавуваат со најголемите македонски музички изведувачи.
Куку Леле, Сузана Спасовска, Влатко Миладиновски, Пајак, Таско, КУД Плетеница, Мелани Тарчуговска, Јована Богдановска, Марија Спасовска и Јанко од Колумбија ќе се погрижат за незаборавна забава во нашата општина!
Екслузивно и големо изненадување за сите љубители на македонската музика, најави Костовски.