KУЌИ КУПИЈА И БИЗНИСМЕНИ: Одлични услови за живеење, чист воздух на само осум километри од центарот на Скопје

Во комплексот „Хот и Хот“ во Скопје продолжува интензивната изградба на индивидуалните станбени објекти.Има 47 куќи, од кои 24 се дел од проектот „Kупи куќа за млади“.

Kуќи веќе имаат купено и неколкумина бизнисмени, ќе има камери и сопствено обезбедување, што ќе придонесе за покомотно и безбедно живеење на станарите. А за нивната удобност и секојдневните потреби, на самиот влез ќе има голем супермаркет, како и игротека и клуб за станарите со фитнес и сала за вежбање. Во согласност со условите ќе има и сопствен кодекс на однесување во комплексот, што значи дека за една куќа се обезбедени 4 паркинг-места (две во гаражата и две пред куќата), а за некои поголеми случувања ќе има посебен режим на паркирање во населбата за што ќе има места за паркирање на повеќе возила по должината на главната улица и пред самиот влез во комплексот, пренесува Дневник.

- Kомплексот нуди исклучително добри услови за живеење, чист воздух на само осум километри од центарот на Скопје. И сообраќајната врска е добра, се наоѓа на 700 метри од обиколницата, а кога ќе се пробие новата сообраќајница, уште повеќе ќе се скрати времето потребно да се дојде до населбата. Токму местоположбата е тоа што најмногу влијае на квалитетот на живеењето и ние како фирма веќе почнуваме да применуваме таканаречен едукативен маркетинг. Во иднина ќе го рекламираме начинот на живеење така што во зима ќе го мериме загадувањето тука и во центарот на градот, а во лето ќе ја мериме температурата, па ќе правиме споредби. Тие податоци најдобро ќе покажат што значи да се живее во ваква куќа и во ваква населба - вели Александар Хот.

Од нив досега се доделени 6, а 10-ина се во процедура, која се одолжи поради моментната состојба и изборот на новата влада. Поради тоа и дојде до застој во Министерството за финансии, од каде што се одобруваат субвенциите за оние што решиле да си обезбедат сопствен покрив над глава преку овој кредит. Kуќите наменети за реализација на проектот почнаа да се градат на 15 март и ќе бидат готови за шест месеци, поточно на 15 октомври.

Од фирмата „Хот и Хот“, која го гради комплексот и уште од почетокот го поддржа владиниот проект, велат дека има огромен интерес за купување на куќите бидејќи условите на субвенционираниот кредит се многу поволни, а од друга страна, се добива исклучително квалитетен станбен простор на одлична локација во главниот град.

Kако што е познато, со проектот „Kупи куќа за млади“ граѓаните до 35-годишна возраст имаат две можности да обезбедат субвенции или во период од осум години да се субвенционира 80 отсто од месечната рата, главница и камата, а следните три години 50 отсто од ратата, при што максималниот износ за кредит може да биде 50.000 евра или, пак, доколку барателот нема доволно средства за учество за да добие станбен кредит, државата му го субвенционира учеството 100 отсто, до максимум 12.500 евра. Од „Хот и Хот“ потенцираат дека речиси сите што решиле да купат куќа преку овој проект ја одбрале првата варијанта, субвенционирани рати, бидејќи така добиваат многу поволни услови. Односно, во првите осум години ратата изнесува 60-ина евра, во наредните три години е 120 евра, а потоа целата рата изнесува околу 280 евра. Инаку, комплексот „Хот и Хот“ се простира на површина од 18.000 квадратни метри. Сите 47 куќи се распоредени во три улици, по неколку од секоја страна. На првата улица има 10, на втората 13 и на последната 24 куќи. Сите се на приземје и еден кат, генерално типски градени, но, сепак, се разликуваат во фасадата, но и по големината.

Најголемите се со површина од 200 до 250 квадрати и тие се продаваат по цена од 650 евра за квадрат. Оние, пак, што се дел од проектот „Kупи куќа“ се со површина од 108 квадратни метри и чинат 49.900 евра.

Сите куќи се на приземје и еден кат, но со можност да се надгради уште еден. Некои од нив имаат и подрум, некои не, а поголемите во дворот имаат и сопствен базен. Во приземјето има голем дневен престој со камин, кујна и тоалет, а на катот има четири соби и две бањи. Секоја куќа има гаража за две возила.