Куќи и станови по багателни цени во Солун и Атина

Кризата во Грција се одразува и врз цените на становите иако во светски рамки вртоглаво расте. Во последните три месеци Атина и Солун се квалификуваат прилично ниско меѓу сличните градови од целиот свет.

Атина е рангирана на 129-то меѓу 150 градови, со тренд цените на станбените имоти да се намалуваат за 1,4% во последната година. Во Солун е полошо, таму паднаа за 2,7% и оди на 138-то.

Цените во кипарски градови изгледа имаат слична тенденција, Лимасол е на 124-то место, со 0,5% пад, Никозија е 128 место, што е пад за 1,1%, и Ларнака е 130-то, чија цени паднаа за 1,5%.

Сепак, разликата е дека пазарот на Кипар бележи зголемен курс во однос на бројот на трансакции, иако побарувачката се успорува, но само е прашање на време кога цените ќе тргнат нагоре. Од друга страна, разликата меѓу понудата и побарувачката во Грција е огромна, таму околу 150.000 куќи или повеќе се во очекување на купувачот, а цените од крајот на 2008 година се паднати за 42%.