Куќата, симбол на старото Скопје, знаете ли каде се наоѓа овој објект?

Сместен во средиштето на градскиот парк, старите скопјани ја паметат оваа стара куќа која сега е дел од комплексот на бараки кои ги користи градската администрација. 

Според раскажувањата куќата овој објект е изграден пред повеќе од 100 години, а во неа живеел човекот кој го одржувал градскиот парк. Старите скопјани велат дека секој од нив поминал сигурно по 100 пати покрај овој објект.  

Дали вие го паметите?