КУД „Цветан Димов“ освои првата награда на Меѓународниот фестивал „ Харман фолк“, во Истанбул

Културно-уметничкото друштво „ Цветан Димов“ од Општина Карпош, ја освои првата награда на Меѓународниот фестивал „ Харман фолк“, во Истанбул, Турција.

Во најголемиот турски град, наградата е  освоена во силна конкуренција од 8 ансамбли, кои доаѓаат од исто толку држави.

Фолклорниот ансамбл доби максимални 100 поени од  жирито, што претставува голем успех  и меѓународно признание за македонскиот фолклор и култура.