
Тимовите на ЈП „Лајка“ во текот на изминатата недела реализираа теренски активности за заловување и третман на бездомни кучиња на повеќе локации низ Скопје.
Акциите биле спроведени во населбите и подрачјата Расадник, Капиштец, Припор, Стајковци, Смилковско Езеро, Идризово, Трубарево, Ќерамидница, Злокуќани, Карпош, Бардовци, Градски парк, Визбегово, Стопански Двор и Ѓорче Петров.

Од претпријатието информираат дека теренските активности продолжуваат секојдневно, согласно пријавите од граѓаните и проценките на стручните тимови, со цел контрола на популацијата на бездомните кучиња и обезбедување хуман третман.
Воедно, од ЈП „Лајка“ ги повикуваат граѓаните да пријават нетретирано бездомно куче без ушна маркица на телефонскиот број 071/219-925 или на електронската адреса info@lajka.com.mk