Кучиња скитници насекаде во метрополата - децата и милениците под ризик

Билтенот на МВР речиси секојдневно бележи случаи на каснувања од кучиња скитници на пдорачјето на Скопје. Се чини, има неколку критични локации во главниот град, каде кучињата скитници редовно „демнат“ особено во вечерните часови. 

Аеродром околу трговскиот центар „Бисер“, Карпош околу „Сити мол“, на градскиот плоштад во центарот на метрополата, групи кучиња скитници околу влезовите на зградите - граѓаните очекуваат соодветно постапување од надлежните, но истото како да отсуствува. 

Граѓаните на социјалните мрежи алармираат дека децата и домашните миленици се под најголем ризик од кучињата скитници.

На ваков еден случај беше реагирано вчера кога од кучиња скитници настрада маче на тревникот спроти „Три бисери“ во скопски Аеродром. 

Минатата година во градот вкупно 646 граѓани пријавиле каснување од бездомно куче, а во периодот од 2017-2020 година на територија на Град Скопје, вкупно 1.790 граѓани биле каснати од кучиња скитници.