Кучиња скитници каснале три лица во Скопје

Вчера биле нападнати три лица од улични кучиња на различни локации во Скопје.

Најпрво во 11.35 часот во Полициската станица Чаир, А.Р.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Потоа во 12.30 часот во Полициската станица Драчево, Т.З.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.

Додека во 13.50 часот во Полициската станица Аеродром, С.Б.(50) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ била касната од куче скитник.