Кучиња скитници добија картонски живеалишта кај „Беко” (фото)

Кога температурите во Скопје деновиве се под нулата, некои грижливи граѓани решиле да им направат импровизирани живеалишта на пет кучиња скитници.

Во картонски кутии поставени покрај катната гаража “Беко”, а спроти зградата на Министерството за финансии, тие на кучињата им ставиле ќебенциња за да можат потопло да ги поминат ладните зимски ноќи.

Овие грижливи граѓани на животните во пластични садови им оставаат вода за пиење и храна. Се надеваме дека овој гест би можел да се повтори и во други делови во градот.