Кучиња од прифатилиштето на ЈП Лајка вдомени во Велика Британија

Кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“ која ја реализира ЈП Лајка добива нова димензија.

По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска, а од вчера и воОбединетото Кралство.

-Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, а заедно и со поддршка на хумани граѓани и огранизации нашата мисија стана реалност. Првите кучиња од прифатилиштето на ЈП Лајка пристигнаа во своите нови домови во Обединетото Кралство. Им посакуваме многу среќа и убави мигови со новите семејства, информираа од ЈП Лајка 

Од скопско јавно претпријатие кое се грижи за благосостојбата на милениците им се заблагодари на сите вдомувачи, админи, поддржувачи, активисти, организации, фостери, на Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарниот тим и професионалниот транспорт.