Кучето во хотел, а сопственикот на патување - пансиони за миленици во Скопје и околината ги има се повеќе

Сопствениците на домашни миленици, во минатото имаа голема мака да убедат некој од пријателите или роднините да им го причуваат миленикот додека се тие на годишен одмор или пак на било какво друго патување.

Но, веќе сопствениците на милениците немаат потреба да се грижат за тоа каде да ги остават своите миленици. Од пред година-две во Скопје се отворени неколку хотели со пансиони за кучиња, каде што газдите можат да си го згрижат својот миленик и безгрижно да одат на летување.

Во пансионите престојуваат поголем број кучиња од различни раси, а за нив се грижат вработените кои воедно се и ветеринари.

 Доколку се одлучите за оваа услуга, таа би ве чинела 400 денари од ден, со сопствена храна за милениците, а доколку имате две кучиња ќе добиете и попуст од 50 денари за секој миленик. 

Сопствениците кои имале вакви искуства раскажуваат дека иако цената не е баш евтина, сепак ги оставаат своите кучиња во некој од пансионите во Скопје, бидејќи немаат избор каде би го оставиле миленикот да биде згрижен и да е на сигурно.