Кучето Кики само се вратило во „Лајка“, откако било вратено на местото каде е заловено

Куче со име Кики кое било заловено, а потоа вратено на истата локација, самото се појавило пред вратите на претпријатието Лајка.

Според сегашните закони, не е дозволено предолго задржување на кучињата кои нема да бидат вдомени во одреден временски рок, бидејќи толку дозволуваат самите капацитети. 

Сепак, ова не е прв случај некое куче да се врати пред вратите на прифатилиштето. 

Со ова, се отвораат голем број значајни прашања во врска со отворањето на дополнителни капацитети за прифаќање на бездомните кучиња.