Куче - скитник искаса жител на Аеродром

Со повреда во пределот на левата потколеница се здобил скопјанец откако вчера претпладне бил каснат од куче-скитник во скопската општина Аеродром. Немилиот настан се случил кога лицето Ј.Л. (65) се движел по булеварот „АСНОМ“ при што го нападнало кучето.
Ова е нов случај на каснување на граѓанин кој што само уште повеќе ќе ја зголеми бројката на нападнати граѓани во оваа година. Практично, скоро и да нема ден во кој некое лице не станува жртва на напади на кучиња-скитници.

Во меѓувреме, граѓаните се уште чекаат да се направи новиот стационар „Лајка“ кој што треба да го подобри справувањето со овој голем проблем во градот.