Куче кое живееше на Водно вдомено од туристи - Сега живее во топол дом во Геманија

Куче кое живеело на скопско Водно сега живее во топол дом во Германија. Имено, во него се вљубиле германски туристи кои го вдомиле и изминативе празници тоа веќе беше дел од нивното семејство. 

- Приказна која ќе ви го стопли срцето за кучето Водно кое на врвот на планината Водно си ги одбра сопствениците и желбата за дом за едно бездомно куче стана реалност. Водно е куче кое после хуманиот третман кај нас живеело низ шумскиот предел на Водно се додека случајно не се заљубиле во него германски туристи, раскажаа од ЈП Лајка. 

Одлучни да го згрижат и да му пружат дом си зададоа задача да ги средат сите документи и неколку недели подоцна Водно е во Германија каде овие празници ги минува со неговата нова фамилија. Водно е поим за хуманост, емпатија и љубов што не познава граници, велат од Лајка од каде упатија и огромна благодарност до вдомувачите за уште еден среќен крај и куче тргнато од скопските улици.