Куче искаса дете во Аеродром

Вчера попладне, во скопската населба Аеродром детето било нападнато додека се движело по булеварот „Србија“. Од нападот тоа се здобило со повреди во пределот на левата рака. Во овој дел од населбата зачестија случаи на напади на кучиња скитници врз граѓаните. Тоа се должи на се поголем број кушиња околу оваа сообраќајница, но и во близина на бројните станбени згради.

Случајот на полицијата и го пријавил неговиот татко.

Активистите за заштита на животните веќе со месеци предупредуваат дека застојот во третманот на овие животни од страна на градските власти резултира со нивниот се поголем број.

Градските власти до сега најавуваа дека овој голем градски проблем ќе почне да се решава со профункционирањето на стационарот „Вардариште“ кој се уште се реновира. А одамна се прави и ново градски претпријатие „Лајка“. Но, веќе подолго време нема најави кога тие ќе стартуваат со работа.