КСЗД: ЈП Комунална хигиена - Скопје ги дискриминира жителите на Шуто Оризари, не го собира отпадот и го загрозува нивното здравје

Пред 5 месеци до Комисијата за спречување на дискриминацијата е е испратена претставка за заштита од дискриминација врз оснава на етничка припадност, раса и припадност на маргинализирана група во името на жителите Роми кои живеат во општина Шуто Оризари. Во претставката се вели дека дека овие жители се соочуваат со проблеми побрзани со диви депонии и несоодвенто управување со отпадот и тоа директно ги погодува. Во претставката се посочува дека ова трае подолго време со што овие жители се соочуваат со загадување и непријатни миризби. Како главен виновник се посочува „Комунална хигиена - Скопје и Градот Скопје кои не си ја исполнуваат задачата односно редовно да го подигаат сметот од општината.

Иако од Комисијата се обиделе да добијат одоговори од Град Скопје и тоа во два наврати, нивните барања останале залудни од причина што никој од градот не одговорил на прашањата поставени од страна на Комисијата.

Во меѓувреме бил извршен и разговор со градоначалникот на општина Шуто Оризари каде било посочено дека градот намерно ја блокира општината Шуто Оризари, а како причина се наведува протестот што се одржа пред канцелариите на градот. Дополнително бил кажано дека огромен проблем е и пристапот до јавниот превоз бидејќи автобусите 19 и 20 воопшто не возат.

Комисијата извршила разговори и со претставници на ЈП Комунална хигиена кај што било појаснет начинот на собирање на ѓубрето и нивниот план за работа.

Сепак Комисијата носи одлука дека жителите на оваа општина се индиректно дискриминирани и притоа се препорачува и на град Скопје и на комуналното претпријатије во рок од 30 дена да ги отстранат овие недостатоци во спротивно ќе биде покрената постапка против одговорните лица во Град Скопје и ЈП Комунална Хигиена.

Целиот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација можете да го погледнете тука.