Крводарителска акција во општина Кисела Вода - добредојдени се сите хумани граѓани

Крводарителска акција во моментов се одвива во големата сала на Општина Кисела Вода.

Акцијата ја организираат Општина Кисела Вода и Oпштинската организација на Црвен крст – Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.

Голем број од вработените во Општината, многу хумани граѓани, веќе ја покажаа својата хуманост, дарувајќи крв со цел да спасат нечиј живот. Меѓу нив има и такви со ретка крвна група и такви кои за првпат станаа крводарители.

Уште еднаш ги повикуваме сите хумани граѓани кои се можност да даруваат крв. Акцијата ќе се одвива до 15:00 часот, велат организаторите.