Крводарителска акција во Општина Аеродром

Денеска во просториите на Општина Аеродром беше спроведена крводарителска акција во организација на Црвен Крст на Р. Северна Македонија – Општинска организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина со поддршка од градоначалникот Златко Марин.

Кон акцијата се приклучија голем број хумани граѓани, од кои дел се вработени во Општината. Крводарителската акција се организираше со почитување на мерките и протоколите во услови на пандемијата од Ковид-19.

Општина Аеродром ги поддржува ваквите акции на хуманите луѓе и крводарители во дарување крв и спасување нечиј живот.