Крводарителска акција во Кисела Вода

„Вашата крв спасува живот“ е мотото на крводарителската акција што денеска ќе се одржи во големата сала на Општината.

Акцијата ќе започне во 11 и ќе трае до 15 часот, а организирана е од страна на Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст – Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија – Скопје.

Општината ги повикува сите заинтересирани хумани луѓе да се вклучат, да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Во неа ќе учествуваат и претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината.