Крводарителска акција во Ѓорче Петров на 14 мај

На 14 мај во Домот на културата во Ѓорче Петров од 10 до 16 часот сите заинтересирани ќе имаат можност да даруваат крв.

-Успешна крводарителската акција во сабота нека биде уште една потврда за хумано Ѓорче.Ги повикувам сите доброволци и солидарни луѓе со дарување крв да придонесат за потребите на заедницата. Капка крв значи живот. Придружете се!, пишува градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.