Крводарителска акција на припадниците на МО и Армијата по повод Неделата на НАТО

Во Домот на Армијата во Скопје денеска ќе се спроведе акција на доброволно дарување крв од припадниците на Министерството за одбрана и од Армијата, како дел од активностите за одбележување на Неделата на НАТО, 70 години од основање на Алијансата и напредокот на Република Северна Македонија кон членство во НАТО.

По тој повод,  високи раководители во МО, Генералштабот, Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе врачат благодарници и признанија на припадници на МО и на Армијата кои се доброволни дарители на крв повеќе од 50 пати.

Врз основа на меморандумот за соработка помеѓу МО, Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, секоја година се организираат 15 до 20 акции на доброволно дарување крв од стрна на припадниците на МО и на Армијата,м при што се собираат помеѓу 700 и 1.000 крвни единици.