Крвнички претепатан Никола Саздовски - Саздо, дел од навивачката група „Комити“

Никола Саздовски - Саздо, 20-годишно момче, дел од навивачката група ,,Комити”, претепан, со смртни повреди, е во кома на КАРИЛ во Клинички центар и се бори за живот.

Според неофицијални информации од клиниката, Саздовски, е во арефлексна кома и е во многу тешка состојба.

Случката не е официјално потврдена од Министерството за внатрешни работи. Нема никакви детали, но информациите од социјалните мрежи говорат дека настанот се случил на 30 Јуни во населбата Автокоманда. Младото момче го пресретнале четворица непознати луѓе од возило, излегле од него и почнале крвнички да го тепаат. Освен повреди од шипки, кобен за Саздовски бил и падот на тротоар од ударите, по што се онесвестува.

На неговиот фејсбук профил пријателите објавуваат пораки за поддршка за да издржи во тешките моменти од животот.

На оваа тема на социјалните мрежи се огласи „Приказни од булеварот', тој напиша: Повеќе дигнавте џева за миксетата на некој шарен буљаш отколку за крвта пролеана на едно дете, нападнато на улица од разулавена орда, претепано крвнички речиси до смрт!