Крвавата месечина над Скопје (фото)

Дождливото и облачното време не дозволија идеални услови за жителите на Скопје да ужуваат во набљудувањето на „крвавата месечина“ која траеше 1 час и 43 минути, но сепак фотографот Владислав Гавриловски успеа да направи неколку фотографии од центарот на Скопје од овој феномен.

Целосното затемнување можеше да се види од Европа, Русија, Африка и Блискиот Исток, поголемиот дел од Азија и Австралија, иако во одделни места облаците ја покриваа Месечината. 

Освен целосен мрак, луѓето од целиот свет набљудуваат уште еден феномен, односно момент кога Марс и Земјата се најблиску до нивните патеки.      

Овој феномен, наречен „Крвава месечина“ или „Крвав спектакл“, ќе се повтори во 2123 година, така што тоа е единствена можност за набљудување, особено за професионалците од оваа област.