Крвава тепачка во скопско Коњари

Драма во 22 часот и 15 минути се одвивала во селото Долно Коњари, скопско. 60-годишниот М.Т. заедно со неговиот брат Е.Т. отишол кај 44-годишниот И.Ц. со кој биле во роднинска врска. По кратко време настанала расправија, а дошло и до физичка пресметка помеѓу лицата, во која И.Ц. извадил пиштол и испукал еден проектил кој завршил во преграден ѕид во дневнасоба.

Според податоците од полицијата, по настанот М.Т. со возило бил префрлен во Ургентен центар –Скопје каде му се констатирани телесни повреди во пределот на главата и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на настанот.