Крвава среда во Скопје: Заминала на гости, но не насетувала дека ќе доживее пекол

Крвава  драма во Скопје, повредена 40-годишна жена. Според информациите на МВР, вчера  околу 21.40 часот во Скопје на ул. „Лука Геров 1“, во куќата на Д.Ѓ.(40), како гости биле М.Н. и Б.Н. од Скопје.

Во еден момент Д.Ѓ. ја напуштил собата, по што М.Н. го зел неговиот пиштол (кој бил оставен на видно место), испукал еден куршум во правец на неговата сопруга Б.Н.  и ја ранил во пределот на левата нога. Истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Скопје, за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.