Крвава расправија за девојка во Скопје

Триесетина минути по полноќ во Скопје на булеварот “Кузман Јосифоски-Питу“, 38-годишниот И.Ц. од Крива Паланка физички го нападнал 19-годишниот Л.Р. од Црна Гора, со привремено живеалиште во Скопје, удирајќи го неколку пати најверојатно со боксирач во пределот на главата.

Околу 01.00 часот напаѓачот кој избегал бил запрен на автопатот Скопје-Куманово кај клучка “Илинден“, а веднаш потоа и приведен.

Повредениот Л.Р. со Итна медицинска помош бил пренесен во Градската Општа Болница каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување. Причина за нападот најверојатно е расправија околу љубовна врска со девојка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.