Крвава расправија во Скопје: Го прободел брат му со нож

Доцна синоќа во 23 часот од Градската општа болница „8-ми Септември“, било пријавено дека кај нив бил донесен ранет маж. Полицијата денеска информира дека се работи за 35-годишниот М.Ц. од селото Визбегово, скопско, кој со три убодни рани од нож и фрактура на раката бил донесен во болницата.

Истиот бил нападнат од неговиот брат, а нападот се случил во нивниот дом. Повредениот за среќа е надвор од животна опасност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.