Во 09.20 часот од вработен во Казнено поправна установа Затвор -Скопје е пријавено дека околу 08 часот во полуотвореното одделение, 50-годишниот Џ.М. од Скопје кој издржува казна затвор, физички нападнал друг затвореник.
Полицијата информира дека се работи за 35-годишниот И.П. исто така од Скопје.
Насилникот со употреба на нож му нанел гребнатина во десната подколеница на другиот затвореник.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.