Крвав настан во затворот во Скопје: Со нож тргнал по друг затвореник

Во 09.20 часот од вработен во Казнено поправна установа Затвор -Скопје е пријавено дека околу 08 часот во полуотвореното одделение, 50-годишниот Џ.М. од Скопје кој издржува казна затвор, физички нападнал друг затвореник.

Полицијата информира дека се работи за 35-годишниот И.П. исто така од Скопје.

Насилникот со употреба на нож му нанел гребнатина во десната подколеница на другиот затвореник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.