Крвав инцидент во старечки дом во Скопје - маж пронајден со убодни рани во стомакот

Во Градската општа болница „8-ми Септември“, во Скопје, во четвртокот со убодни рани во стомакот бил примен 78-годишниот В.Р. од Скопје.

Како што информираат од МВР истиот ден околу 17:00 часот, во една од собите во старечки  дом  В.Р  бил пронајден, со убодни рани во пределот на стомакот. Од страна на персоналот на старечкиот дом, била повикана Итна медицинска помош, по што повредениот бил пренесен во Градска општа болница.

Според пријавеното, В. Р. на персоналот од домот им изјавил дека самиот се повредил. Настанот во Единицата за команда и информирање-Скопје бил пријавен околу 23,50 часот од страна на ГОБ.