Крвав инцидент на Рекорд во Скопје: Ученик прободен со нож

Младо момче било прободено со нож па итно пренесено во болница во центарот на Скопје.

Канал5 јавува дека прободено е 16 годишно момче на автобуска станица во Центар. По немилиот настан веднаш интервенирала брзата помош, момчето е префрлено  во хируршката болница  Св. Наум Охридски и не е во животна опасност.

На инцидентот му претходела вербална расправија со неколку повозрасни момчиња. На враќање од средното угостителско училиште, конфликтот  започнал во автобусот со број 57, продолжил надвор, на автобуската станица Рекорд, при што еден од повозрасните го прободел момчето, јави Канал5.