Крстот на Исарот ќе свети, најголемата пастрамајлија е направена - Штип викендов организира „Пастрамалијада“

Попладнево во Штип официјално е отворена традиционалната манифестација „Пастрамалијада 2025“. 

Крстот на Исарот ќе свети, најголемата пастрамајлија е направена, а утревечер публиката ќе ја забавуваат Елена Ристеска, Владо Јаневски и Дино Мерлин. Паркинг и влез нема да се наплаќаат. 

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов вчера излезе со демант по веста која се прошири во јавноста дека познатата балканска ѕвезда Дино Мерлин кој викендов ќе биде музички гостин на традиционалната штипска „Пастрамалијада“ побарал да биде исклучено осветлувањето на Крстот на Исарот.  

Од општина Штип вчера посочија и дека дезинформација е дека за Пастрмалијдата во Штип и концертот на Дино Мерлин ќе се наплаќа влез. 

Влез за концертот на Дино Мерлин во Штип нема да се наплаќа исто како и за сите други предвидени активности во склоп на Пастрмајлијадата, велат оттаму.