Крпење на ударните дупки низ Карпош

Општина Карпош почна со големо инфраструктурно „освежување“ на улиците. Така деновиве интензивно се работи на крпење на ударните дупки на неколку локации низ Општината.

Вчера се сечеше асфалт на улицата „Демир Трајко“ за да се „закрпат„ ударните дупки, а денес исто тоа се работеше во Бардовци околу училиштето „Аврам Писевски“ во должина од околу 40-тина метри. Во Бардовци се санира и коловозот од прекопите на улица 2, а се работи и во близина на училиштето „Владо Тасевски (кај „Канцона“), како и во близина на црквата Св. Јован ( во близина на кафеаната „Два Елена“. Во овој дел ќе се санира улицата со дупки во близина на Детската болница во Козле.

 По празниците Општина Карпош ќе продолжи со интервенции на сообраќајниците и крпењето дупки и тоа во населбите Влае, Нерези, Жданец, Трнодол, Тафталиџе и кај Млечен ресторан.

Изведувач на работите е фирмата „Ленди груп“ од Скопје.