Крпен живот: „Плати едно земи две“, можност за поевтино да помине месецот

Бранот на поскапување изминатиов период  дополнително им ги истенчи и онака празните џебови на граѓание. Поевтината храна како дневните и неделните акции во маркетите се одлична можност за заштеда на некој денар.

-Ги следам акциите во маркетите, искрено да ви кажам се случува некогаш за 150 денари да направам ручек. Има и некои продукти кои се наменети за некои празници или период во годината како зимници, кои може да си ги купите за поевтини пари и да заштедите зависи од производот, вели скопјанката Александра.

Доста популарна меѓу граѓаните е и аутлет продавницата за храна во која се продаваат производи  на кои рокот на употреба е при крај.

-Кога одам да купувам гледам на едно место да ја завршам работата. Не ги следма цените ниту акциите, одма земам тоа што ми треба и заминувам. Мачење ми е да се шетам од едне маркет, до друг, вели Дарко.

Во Септември 2017 година агенцијата Инсајдер ИД, спроведе истражување на тема “Анализа на влијание на промотивни активности, карактеристики на производ, фактори при избор и рангирање на маркетите во Македонија”.

Во првиот од вкупно шест дела од истражувањето, потрошувачите наведуваат во кои 3 маркети најчесто пазарат, а со тоа според нивните одговори се извршува  рангирање маркетите во Македонија. Спроведено е на репрезентативен примерок од 1440 активни потрошувачи на ниво на целата држава.

За време на истражувањето потрошувачите имаат наведено дека пазарат во повеќе од 50 различни национални и локални трговски ланци. Регионалната анализа прикажува стурктура во која освен националните ланци на маркети како Тинекс, Рамстор, Кам Маркет, Веро, Жито Маркети и Стокомак, потрошувачите им имаат дадено значење и на локалните кои имаат солиден дел од пазарното учество.

На ниво на Македонија според потрошувачите, Кам маркет е на првото место со 67%, на второто место е Тинекс со 40% и на третото Веро со 26%.