КросФит Скопје организира семинар за олимписко дигање

Здружението КросФит Скопје организира семинар за почетници во дисциплината олимписко дигање. На семинарот се поканети сите спортисти постари од 18 години. Семинарот ќе има за цел да ги едуцира заинтересираните на некои техники од оваа дисциплина. Семинарот ќе го водат врвни, искусни професионалци од овој спорт. 

Настанот ќе трае 2 дена, идниот викенд, односно сабота и недела. Ќе се состио од целодневна програма, која ќе вклулува теоретски дел, практично применување и изведба на олимписко дигање, пропратни вежби. Деталната програма за двата семинарски дена можете да ја видите на фан-страната на социјалната мрежа Фејсбук. Семинарот има капацитет за максимум 10 учесници во двата дена. 

Почетокот на програмата е закажан за 8:30 часот. Регистрирање за учество на турнирот изнесува помеѓу 1 500 и 2 000 денари во зависност од времето на пријавување. Семинарот го води Младен Ѓурѓевиќ во просториите на КросФит Скопје.