Кројачот Биљал: „Порано беше сон да се биде шнајдер, денес работам како сервис“

Чар­ши­ја­та во Скоп­је се­ко­гаш бу­ди уба­ви спо­ме­ни.

Си­но­ним за зла­тар­ни­ци и за сла­ткар­ни­ци, за јор­га­ни и за ќе­би­ња, за убав на­кит од фи­ли­гран, за кон­ци и за вол­на за пле­те­ње, за клом­пи и за опин­ци, кои во ед­но вре­ме беа мно­гу мо­дер­ни да се но­сат по Скоп­је, за крз­на од ли­си­ци, кои на­ши­те мај­ки ги но­сеа око­лу вра­тот и за бун­ди на кои беа гор­ди де­ка се од чар­ши­ја­та, а не ку­пе­ни од не­кое ле­ту­ва­ње кај јуж­ни­от со­сед. Ма­те­ри­ја­ли за ши­е­ње, бас­ми, жер­се, жор­жет… Кај ќе нај­деш ср­ма, ла­ме, ка­ди­фе, штрас, ако не во чар­ши­ја­та? Ако не­ма во ду­ќа­нот ка­де што нај­че­сто одиш, та­му ќе ти по­мог­нат и ќе те упа­тат на ви­стин­ско­то ме­сто.

Ефтините кинески производи, но и напредокот на технологијата ги убиваат старите заенаети, се жалат неколкуте преостанати занаетчии во Старата скопска чаршија. Од стотината калајџии, алваџии, бозаџии, јорганџии, казанџии, кујунџии, папуџии и ковачи денеска само уште неколкумина, претежно повозрасни луѓе ги одржуваат занаетчиските дуќани во чаршијата. 

Биљал Абдуловски е роден во Гази Баба во 1959 година. Тој завршил средно образование - Тексилно во Димитар Влахов. Тој уште на негови 10 години како чирак почнува да се интересира за овој занает.

Кројачкиот Салон Гази Баба датира уште од 1979 година. Дуќанот го наследиле со неговиот брат од татко му на Бранко Гапо, кој исто така бил шнајдер.

Порано било сон да се биде шнајдер, вели тој, за разлика од денес кога повеќе работат како сервис отколку што произведуваат. Досега изработувал најразлични Македонски и Албански носии. Во 2014 година изработил пантолони и комплет за Галичка свадба.