Крофни по рецептот на баба

Сигурно го обожававте мирисот на слатките крофни кои се ширеше во домот на бабите, а благодарение на овој рецепт сега ќе се вратите назад во детството.

Потребно ви е:

  • 2 јајца
  • 1 коцка квасец
  • 1 чаша јогурт
  • 1 kg брашно
  • 300-350ml вода
  • Половина лажичка сол
  • 5 лажици шеќер
  • 200g шеќер во прав
  • 100ml масло
  • Крем или мармалад, по желба

Подготовка:

Во топла вода растопете го квасецот и додајте го јогуртот. Солта, шеќерот, брашното, маслото и јајцата додавајте ги постепено. Замесете тесто и оставете го да одстои 10 минути.

Потоа развлечете го и исечете кругови со големина по желба. Оставете ги да постојат 10тина минути, а потоа пржете ги во врело масло.

Готовите крофни, додека се топли, проросете ги со шеќер во прав и наполнете ги или премачкајте ги со крем или мармалад.

На здравје!