Крофни по рецептот на баба

Сигурно го обожававте мирисот на слатките крофни кои се ширеше во домот на бабите, а благодарение на овој рецепт сега ќе се вратите назад во детството.

Потребни состојки:

  • 750g брашно
  • 1dl масло
  • 4 супени лажици шеќер
  • 1 жолчка од јајце
  • ½ l млеко
  • 40g свеж квасец
  • Малку сол
  • Шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • Масло за пржење

Начин на подготовка:

1. Квасецот стопете го во млекото, кое претходно сте го стоплиле и додадете малку шеќер, брашно и оставете го да нарасне.

2. Додека расте, изматете ја жолчката со остатокот од млекото, шеќерот и малку сол, па додајте го нарастениот квасец и врз нив нежно додавајте ги брашното и маслото со постојано мешање.

3. Оставете го тестото на топло за да нарасне повеќе, потоа развлечете го со тоа што ќе биде 1cm дебело и со помош на чаша вадете ги крофните.

4. Оставете ги обликуваните парчиња тесто уште половина час да нарастат, а потоа пржете ги во загреано масло.

5. Откако добро ќе ги испржите, исипете ги со шеќер во прав, кој претходно ќе го промешате со ванилин шеќер. По желба прелијте ги со чоколаден прелив или слатко од јагоди.