Крофни од тесто со јогурт

Во стандардниот рецепт за домашни крофни има квасец, а многумина го избегнуваат поради најразлични причини. Сепак, постои начин на нивна подготовка со јогурт. 

Ова тесто е погодно и да се пржи и да се пече. Можете да го наполните со фил и да направите пита, па дури и десерт со чоколаден крем или џем. 

Состојки:

450 гр брашно
300 мл јогурт
Едно јајце
100 гр шеќер
Прстофат сол
1,5 лажичка сода бикарбона
1,5 лажичка прашок за пециво
200 мл масло 

Подготовка:

Изматете го јајцето со шеќерот, ставете го маслото и изматете. Потоа додајте го јогуртот и измешајте и на крајот ставете го брашното, претходно просеано и измешано со пецивото и содата. Замесете тесто и продолжете да месите додека да добиете мазна структура. 

Рассукајте и со чаша обликувајте крофни со средна големина. Пржете во врело масло и веднаш ставајте ги на впивачка кујнска хартија. 

Можете да ги декорирате со стопено чоколадо, шарени шеќерни трошки, шеќер во прав со цимет или само со шеќер.