Кроење на дрворедот на булевар „Илинденска“

ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве започна со активности, односно со кроење на дрворедот на булевар „Илинденска“. 

Дел од активностите на екипите деновиве е и кроење на украсните дрвја од видот на јапонско јаболко (lat.Malus) долж средишната жардиниера на булевар „Илинденска“.

Исто така во тек се и акциите за чистење низ скопските општини, уредување на парковите и зелените површини.