
Сабајлево се одржа состанок на општинскиот Кризен штаб. По вчерашните пожари низ општината, разговаравме отворено, што беше добро, што може подобро и како уште поорганизирано да делуваме ако евентуално повторно се соочиме со слична ситуација, информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Како што стои во објавата, донесени се јасни заклучоци за подобрена координацијата на терен, побрза и поефикасна мобилизација.
„Во текот на вчерашниот ден лично бев сведок дека Ѓорче има луѓе со големо срце. Покажавме дека кога е најтешко – сите сме едно. Ѓорче е силно - затоа што има луѓе со срце. Благодарение на брзата реакција и сплотеноста, сите пожари беа изгасени, истакна Стојкоски.
Во објавата тој изрази благодарност до: Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната единица, Дирекцијата за заштита и спасување. А најмногу, како што рече, до нашите луѓе од Ѓорче, кои со градежна механизација, води, црева и со своите раце беа на терен и помагаа.
Стојкоски порача дека Општината будно ќе ја следи состојбата и дека постојано се на терен, подготовени да реагираме во секој момент.