Криза? - Ние никогаш немаме празна кафана, празен бутик, празен маркет...

Корона кризата, а подоцна и воената ситуација во Украина донесоа поскапувања за кои нема надеж да запрат во блиска иднина.

Цените можно е да се стабилизираат дури на крајот на годината, но ретко кој верува дека ќе се вратат назад.

Арно ама, македонскиот менталитет е таков што ниту една криза не може да го спречи народот да ужива дури и над можностите, па луксузот е очигледен.

Полни маркети, полни кафеани, се следи мора, се тераат продолжени викенди, па следат одмори...

Ова го констатира и еден твитерџија.

- Реално коа ќе видиш, кај нас во МК, најмалку се "гледа" кризата. Ние никогаш немаме празна кафана, празен кафич, празен бутик, празен маркет. Се пие се удира на трошок, ко да нема лимит.

Уште еден песимистички факт е дека во јуни претстои уште едно поскапување на струјата, а какво ќе биде тоа и колку ќе се одрази на македонските домаќинства останува да видиме.