Кривично ќе се гони претседателот на Здружението на пензионери на општина Свети Николе поради злоупотреба.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Ш.Ѓ. (68) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот како одговорно лице на Здружение на пензионери на општина Свети Николе ја искористил својата службена положба и овластување на начин што како овластен потписник на сметката на здружението кое се финансира од членарината на пензионерите, истиот без одлука во 19 наврати повлекол вкупно 146.453 денари ненаменски средства на име на репрезентација, иако знаел дека со предлог одлука на финансов план за 2023 година за ставка репрезентација биле обезбедени 40.000 денари, со што нанел штета на Здружението од 106.453 денари, информираа од полицијата.