Кривично ќе се гони кратовец кој возел со фалц возачка дозвола

 

Кривично ќе се гони кратовец кој возел со фалц возачка дозвола. 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против И.М.(51) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 08.11.2025, полициски службеници сопреле патничко возило „сеат ибица“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола, информираа од полицијата.