
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против 30-годишната В.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
„На 21.08.2026 година, по претходна расправија, пријавената физички ја нападнала нејзината свекрва“, соопшти МВР.
Против В.С. е поднесена кривична пријава, а случајот понатаму ќе се процесуира согласно законските процедури.