Кривично ќе се гонат младите тетовци кои пакувале марихуана во колиба

Кривични пријави заработија тетовци на возраст од 22 и 23 години поради производство на дрога. Помалиот нападнал и полицаец.

Според информациите од МВР, во средата, по претходно добиени оперативни информации тие биле приведени со уште двајца малолетници во селото Палатица.

Затекнати биле на местото викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. Притоа, биле пронајдени и пиштол и куршуми.

Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на прво и второ пријавениот одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.