СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ш.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
- На 24.01.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Во друг, одвоен случај, СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
- На 10.02.2024 во Полициска станица Центар, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираа од полицијата.