Кривичниот суд ја потврди казната затвор од девет години за Ѓоко Поповски

Кривичниот суд денеска на повтореното судење ја потврди казната од девет години затвор за поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба во случајот „Триста“.

Судиката Добрила Кацарска, која е на чело на Судечкиот совет, повторно му ја одреди истата пресуда на Поповски.

Поповски беше осуден на казна затвор од девет години на 22 мај лани, но Апелациониот суд ја укина пресудата и случајот го врати на повторно судење во Кривичниот суд.

Тој е обвинет дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластување извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година и го оштетил буџетот на МВР за 453.570 евра.